сепак
Вид збор: Сврзник
Ранг: 1074
1.
И покрај сѐ, при сѐ тоа - за поврзување реченици меѓу кои се воспоставува спротивен сооднос, кој може да биде силно или послабо изразен; за изразување спротивно од очекуваното, со значење: и покрај тоа што.
Англиски:
nevertheless
Сепак тој ќе дојде.
Иако не беше задоволен, сепак ја прифати поканата.
Таа многу сакаше да учи, сепак не се запиша на факултет.
Слично со:
пак (сврз.)
2.
Како лексички конкретизатор зад некој спротивен сврзник, за потсилување на спротивноста, во состави од типот: а сепак, но сепак, ама сепак и сл.
Англиски:
still
Многу сакаше да дојде, но сепак не дојде.
Многу сакаше да зборува, а сепак не рече ништо.