а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

серија

мн. серии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2475
1. Ред еднородни предмети со општ признак; ред на некои дејства што стануваат едноподруго.
Англиски: sequence Албански: seri
Примери:
Излезе првата серија романи од домашни автори.
Му зададе една серија удари.
2. Ред производи изработени по еден стандард.
Англиски: serial Албански: seri
Употреба: Технологија
Примери:
Најновата серија автомобили.
Првата серија телевизори.
3. Разред, категорија на вредносни хартии означени со цифри или букви.
Англиски: serial number Албански: numër serik
Употреба: Економија
Примери:
Се повлекуваат банкнотите од постарите серии.
Број и серија на лозот.