сече
сечат; сечел; сечен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1451
1.
Реже сосем или на делови со нешто остро.
Примери:
Фати да го сече дрвото.
Сече со нож, со ножици.
Сече леб.
Не смееле да му ја сечат ногата.
Сече данок.
Слично со:
реже (несв.)
2.
За сечило - остар е.
Примери:
Ножов воопшто не сече.
Сечат ли ножиците?
3.
Нанесува удари со студено оружје.
Примери:
Кого ќе фатеа - сечеа. Сече душмани.
(нар. поез.) Наведете ваши руси глави, / да ви сечам глави до рамена.
4.
За пат, река, минува низ нешто и го преполовува.
Примери:
Реката го сечеше градот на два дела.
Патишта ја сечат планината.
5.
За ветер, поретко за дожд, снег - предизвикува чувство на штипење по кожата.
Примери:
Ама сече ветров!
6.
Зборува остро, отворено.
Примери:
Многу е остар спрема сите, само сече.
Изрази
(разг.) Не му сече умот.
(посл.) Покорна (сложена) глава сабја не (ја) сече.
Сече турски (или некој друг јазик).
Сече пари - заработува многу.