си
Вид збор: Заменка
Ранг: 47
1.
Кратка форма за индиректен објект.
Го прочита писмото и си вели...
Си велам.
2.
Долга форма за индиректен објект.
И си реков себеси.
3.
Кратка неизменлива форма со посвојно значење.
Ѝ рече на мајка си.
Си ги зеде книгите.
4.
Во служба на т.н. етички датив; има и такви глаголи што обично идат со „си“.
Едно врапче си спиеше.
Умен си е, нема што.
Си дојде дома, па си отиде.
Си отидоа. Си спомнувам.
5.
Зад неопределени заменки во служба на партикула што изразува посилен степен на неопределеност или придава нијанса на потценување.
Дојде некоја си жена.
Го удрило некое си дете.