а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сигурен

сигурни
Вид збор: Придавка
Ранг: 436
1. Уверен, убеден, кој не се сомнева во нешто.
Англиски: sure Албански: i sigurt
Примери:
Сигурен сум дека не лаже.
2. На кој може да се смета, во кого може да се има доверба.
Англиски: reliable, secure Албански: i sigurt
Примери:
Не грижи се, те праќам кај сигурен човек.
3. Кој е без опасност.
Англиски: safe Албански: i parrezikshëm
Примери:
Се наоѓа на сигурно место.
сигурна служба
4. тврд, непоколеблив
Англиски: confident Албански: i sigurt
Примери:
Со сигурен чекор.
сигурни движења
5. несомнен, неизбежен
Англиски: certain Албански: i sigurt
Примери:
Оди во сигурна смрт.
сигурен успех