сигурен
сигурни
Вид збор: Придавка
Ранг: 436
1.
Уверен, убеден, кој не се сомнева во нешто.
Примери:
Сигурен сум дека не лаже.
2.
На кој може да се смета, во кого може да се има доверба.
Примери:
Не грижи се, те праќам кај сигурен човек.
3.
Кој е без опасност.
Примери:
Се наоѓа на сигурно место.
сигурна служба
4.
тврд, непоколеблив
Примери:
Со сигурен чекор.
сигурни движења
5.
несомнен, неизбежен
Примери:
Оди во сигурна смрт.
сигурен успех