а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сигурност

(едн.) сигурноста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1639
1. увереност, веројатност
Англиски: reliability Албански: siguri, bindje
Примери:
Со голема сигурност можам да кажам дека тие повеќе не престојуваат во земјата.
2. самоувереност
Англиски: confidence Албански: siguri
Примери:
Се движи со голема сигурност на дипломатскиот паркет.
Зборуваше со голема сигурност.
3. Состојба на чувство на заштитеност од опасности, ризици или оштетувања.
Англиски: security Албански: siguri
Примери:
Сигурност на работните места.
Социјалните права се тесно поврзани со социјалната сигурност.
Сигурноста во државата, сигурност на информациите, компјутерска сигурност.
Тие се грижат за неговата сигурност.
Заради секоја сигурност.
Со тоа, тие обезбедувале сигурност на својот живот и сигурност на земјата на која живееле.
4. гаранција, депозит, хипотека
Англиски: security Албански: garanci, siguri
Употреба: Економија
Примери:
Каква сигурност можете да ни дадете за кредитот?
Изрази
За секоја сигурност - за секој случај.