сила
мн. сили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 351
1.
Способност на живите суштества да произведуваат физички движења со напрегање на мускулите; физичко воздејство.
Примери:
Немаше веќе сили.
Губи сила.
Ги напрега силите.
физичка сила
Со сила го исфрлија надвор.
Примена на сила.
Слично со:
насилие (ср.)
2.
Способност на човека да ги пројави своите умствени или духовни својства.
Англиски:
power
умствени сили
Со силата на својата волја.
3.
Способност да се произведува некоја работа, енергија.
Англиски:
force
центрифугална сила
силата на Земјината тежа
силата на отпорот
4.
правосилност, финансиска моќ
Англиски:
power
Има сила на закон.
куповна сила
платежна сила
Слично со:
моќ (ж.)
5.
Моќ, власт, авторитет; висок степен на пројавување нешто.
Англиски:
authority
силата на државата
силата на колективот
силата на навикот
со силата на аргументите
6.
Степен, интензивност на пројавување нешто.
Англиски:
strength
сила на звукот
сила на ветрот
сила на талентот
силата на впечатоците
Слично со:
интензитет (м.)
7.
Извор за дејност, моќ, влијание.
Англиски:
fortitude
Братството и единството беше онаа сила што нѐ движеше напред.
Нема сила што можеше да го спречи тоа.
8.
(обично мн.) Нешто што може да се јави како извор на некоја енергија.
Англиски:
force
природните сили
производителни сили
работна сила
жива сила
човечки сили
9.
(обично мн.) Општествена група со некои карактеристични признаци или правец во својата дејност) реакционерни сили.
Англиски:
force
револуционерни сили
силите на мирот
темни сили
Слично со:
група (ж.)
10.
(само мн.) војска
Примери:
вооружените сили
воздухопловните сили
сувоземните сили
Слично со:
војска (ж.)
11.
Човек што има успех во одделна област; (мн.) истакнати дејци во дадена област; луѓе што чинуваат некој колектив, професија.
Примери:
Се појави нова сила во нашиот колектив.
млади научни сили
Изрази
(посл.) Кај има сила, нема правдина, правда.
(посл.) Во кого е власта, во него е и силата.
(посл.) Со сила убавина не бидува.
Законот е во сила - се применува, е во употреба.
Виша сила - непредвидливи околности.
Големите сили - водечките земји во поглед на економска и воена моќ.
Коњска сила (КС) - единица за мерење моќност.
Останува во сила - сѐ уште важи.
По силата на нештата - во фактичната состојба.
Производни сили - единство на сите фактори и услови на производството.
Со сета (полна) сила - со краен напор.
Според своите сили - колку може.