а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

синџир

мн. синџири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1819
1. верига
Англиски: chain Турски: zincir Албански: zinxhir
Примери:
Земи го синџирот и врзи го кучето.
2. окови, пранги
Англиски: handcuff Албански: vë pranga
Примери:
Ги фрли синџирите.
букагии и синџири
3. вид украс
Англиски: necklace Албански: qafore, gjerdan
Примери:
златен синџир
Изрази
Како куче одврзано од синџир - разузданост.
Куче да врзеш, ќе го скине синџирот - многу студено време.
Не го задржуваш ни со синџири - ништо не може да го задржи таму каде што не сака да биде.
Држи синџир (за ракија) - јака, лута ракија; синџирлија.
Изведенки
синџириште ср.
мн. синџиришта
аугм.