а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скала

мн. скали
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 990
1. Подвижна направа за качување и слегување.
Англиски: ladder Албански: shkallë
Примери:
Донеси ми ја скалата да се качам на покривот.
2. (обично мн.) Неподвижна направа во згради за качување и слегување, столба.
Англиски: stairs Албански: shkallë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Се качи по скалите.
Застана на скалите.
3. Серија од осум ноти по висината на звукот.
Англиски: scale Албански: shkallë
Употреба: Музика и танц
Примери:
Ја пее скалата.
4. Во некои уреди и апарати - линија на која се нанесени размери.
Англиски: scale Албански: shkallë
Примери:
Скалата на термометарот.
Скалата на радиоапаратот.
5. Голема камена маса, камена маса со еднородна структура.
Англиски: rock Албански: shkëmb
Употреба: Геологија , Дијалектен збор
Изрази
(разг.) Светов (веков) е скала - времињата се менуваат.
Изведенки
скаличе ср.
мн. скаличиња
дем.