скала
мн. скали
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 990
1.
Подвижна направа за качување и слегување.
Примери:
Донеси ми ја скалата да се качам на покривот.
Слично со:
лествица (ж.)
2.
(обично мн.) Неподвижна направа во згради за качување и слегување, столба.
Примери:
Се качи по скалите.
Застана на скалите.
Слично со:
басамак (м.)
3.
Серија од осум ноти по висината на звукот.
Примери:
Ја пее скалата.
4.
Во некои уреди и апарати - линија на која се нанесени размери.
Примери:
Скалата на термометарот.
Скалата на радиоапаратот.
5.
Голема камена маса, камена маса со еднородна структура.
Слично со:
карпа (ж.)
Изрази
(разг.) Светов (веков) е скала - времињата се менуваат.
Изведенки
скаличе ср.
мн. скаличиња
дем.
мн. скаличиња
дем.