а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скап

скапи
Вид збор: Придавка
Ранг: 3827
1. Што чини многу пари.
Англиски: expensive
Примери:
скапи стоки
скапи подароци
2. Во кој или каде што се продава или плаќа по високи цени.
Англиски: expensive
Примери:
скап дуќан
скап хотел
скап пазар
скапи години
3. Што има голема вредност.
Англиски: valuable
Примери:
скап опит
4. Ретко сакан, близок кон срцето; за гостин - пријатен; во обрати - како израз на пријателство.
Англиски: dear
Употреба: Книжевен збор
Примери:
скапи спомени
скап гостин
Изрази
Скапи му се зборовите - малку зборува.
Скапи пари - многу пари што тешко се заработуваат.
Кој не го знае, скапо ќе плати - се вели за некој што се претставува како подобар отколку навистина што е.
Скапо ја продаде својата кожа - се бори со сите сили за својот живот.
Скапо плати нешто (на пр. нечија постапка) - настрада заради нешто.