скелет
мн. скелети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9285
1.
Во анатомијата - сите коски што ја составуваат тврдата основа на човечко или животинско тело.
Примери:
Човечки скелет.
Скелет на куче.
2.
Многу слаб човек.
Примери:
Види го каков е, скелет.
3.
На зграда, машина - основа на која се држат другите делови.
Примери:
Скелетот на зградата е веќе готов.
Скелетот на бродот.
Слично со:
основа (ж.)
4.
Тоа што служи како основа на нешто.
Примери:
Скелетот на рефератот.
Скелетот на пиесата.
Слично со:
схема (ж.)