скокотка
скокоткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9392
1.
Со допир на кожата предизвикува дразнење придружено обично со смеење.
Примери:
Го фати детето и го скокоткаше.
2.
За чувство, обично пријатно - лесно возбудува.
Примери:
Таа мисла му го скокоткаше самољубјето.
Слично со:
возбудува (несв.)