а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скрои

скројат; скрој, скројте; скројав, скројаа, скроив, скроија; скројал, скроил; скројан, скроен; скроев, скроеја; скроел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7089
1. Со кроење приготви облека, обувало и сл.
Англиски: tailor Албански: qep, pres
Примери:
Уште не ги скроил панталоните.
Скрои фустан.
2. Измисли, приготви - обично нешто лошо.
Англиски: fabricate Албански: trilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кој можел да му го скрои тоа?
Скрои една лага.
Изрази
(посл.) Како се скроил, така ќе се искине - луѓето не се менуваат.
(разг.) Арна ќулафка му скроиле.
(посл.) Уште Петко нероден, капа му скроиле.