скубе
скубат; скуби, скубете; скубав, скубаа; скубал; скубан; (ќе) скубев, (ќе) скубеа; (ќе) скубел; скубен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 18301
1.
Вади од корен нешто: растение, пердув, влакно и сл.
Англиски:
pluck
Албански:
këpus, shkul
Му ги скубеше белите влакна.
(разг.) Ги скубе косите.
Ги скубе веѓите.
Фати да ја скубе кокошката.
2.
За животно - пасе.
Албански:
kullot
Стана да го избрка коњот што ја скубеше пченицата на соседот.
3.
Безобѕирно користи, дере.
Англиски:
scalp
Албански:
shqep, rrjep
Ги скубе муштериите.
Арно го скубеше таа.
Слично со:
кубе (несв.)