а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слава

мн. слави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1512
1. Широка популарност и сеопшто признание на нечии заслуги, квалитети и сл.
Англиски: fame Албански: famë
Примери:
Славата никој не може да му ја одземе.
Овенчан со слава.
2. Тоа со кое некој се гордее, гордост.
Англиски: glory Албански: krenohem
Примери:
Тој е нашата слава.
3. Восклик на признание, пофалба, почесто на умрени.
Англиски: glory Албански: krenohem
Употреба: Разговорно
Примери:
Слава му!
4. сведен
Англиски: celebration Албански: festim
Употреба: Дијалектен збор , Црковен термин
Примери:
Ќе му одиме на слава.
Изрази
(разг.) Слава богу (на бога) - како формула, израз на благодарност кон Бога дека нешто добро завршило.
Вечна (му) слава - последен поздрав кон покојник со желба сеќавањето за него да биде вечно.
Му удрила славата во глава - премногу се прави важен со постигнатото.
(разг.) За чест и слава - од морални побуди, а за материјална добивка.
На стара слава - добива нешто на поранешни заслуги, на поранешен труд.