а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сламка

мн. сламки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5113
1. Одделен страк слама.
Англиски: straw
Примери:
Му падна сламка во јадењето.
(разг.) Од сламка ќе се препне.
(клетва) Со сламка да се потпираш!
2. Тенка цевка за пиење течности (сок, коктел).
Англиски: straw
Употреба: Гастрономија
Изрази
Давеникот и за сламка се фаќа - тој што е во неволја, се обидува да си помогне и со најбезнадежни средства.
Сламка не подигнал во животот - ништо не работел.
Мечка со сламка не се задева - за сѐ треба соодветно средство.