сламка
мн. сламки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5113
1.
Одделен страк слама.
Англиски:
straw
Му падна сламка во јадењето.
(разг.) Од сламка ќе се препне.
(клетва) Со сламка да се потпираш!
Изрази
Давеникот и за сламка се фаќа - тој што е во неволја, се обидува да си помогне и со најбезнадежни средства.
Сламка не подигнал во животот - ништо не работел.
Мечка со сламка не се задева - за сѐ треба соодветно средство.