слеп
слепи
Вид збор: Придавка
Ранг: 1491
1.
Лишен од вид, кој не гледа.
Англиски:
blind
Слеп роден.
слеп питач
училиште за слепи
и слепо и сакато
2.
Кој не забележува очигледни работи.
Примери:
Тој е слеп за сѐ што е убаво.
Слеп е за неговите грешки.
3.
Кој дејствува без да размислува; кој нема разумна основа; кој дејствува стихијно.
Примери:
слепо орудие на владетелот
слепа послушност
слепа љубов
слепите сили на природата
4.
Кој се изведува без учество на видот.
Англиски:
blind
слеп лет
Слепо пишување (на машина).
Слепа партија во шахот.
5.
Кој нема отвор, излез; без прозорци.
Англиски:
blind
слепа улица
слеп ѕид
Слично со:
ќор (прид.)
Изрази
(посл.) На слепото пиле Господ му го прави седелото.
(посл.) Брзата кучка слепи кучиња раѓа.
(посл.) Меѓу слепите, тој со едно око е цар.
(посл.) Страдна мајка за слепаго сина.
(посл.) Пази (брани), боже, слепо да прогледа.
Слепо око - местото меѓу веѓата и горниот крај на увото.
Слеп чир.