служба
мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1067
1.
Работа, должност на службеник.
Примери:
Стапи на служба.
Бара служба.
Му ја откажаа службата.
Ја смени службата.
2.
службен долг
Примери:
Собра раменици и рече: извини, но тоа не ми е служба.
Слично со:
обврска (ж.)
3.
Исполнување на воената обврска, престој во армијата.
Примери:
Службата во армијата.
Ја заврши воената служба.
5.
Оддел, сектор на некоја установа, организација; оддел на производството.
Примери:
Санитетската служба на армијата.
комерцијална служба
метеоролошка служба
разузнавачка служба
6.
работење, служење
Примери:
Во служба на мирот.
Во служба на татковината, вистината и сл.