смали
смалат; смалил; смален
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7577
1.
Направи нешто да стане помало по обем, количество, големина.
Примери:
Успеаја да ги смалат расходите.
Го смалија бројот на службениците.
Спротивно од:
зголеми (св.)
2.
Направи нешто да стане помало по сила, интензитет, степен.
Примери:
Сакаше да му го смали успехот.
Слично со:
редуцира (св. и несв.)
3.
За цени - снижи.
Примери:
Ги смалија цените на месото.
4.
(се смали) Стане помал по обем, количество, големина.
Примери:
Приходите ни се смалија на половина.
5.
(се смали) Стане помал по сила, интензитет, степен.
Примери:
Се смали неговата вредност.