смеа
мн. смеи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1144
1.
(само едн.) Карактеристични звуци како израз на радост, веселост.
Англиски:
laughter
Албански:
gaz, qeshje
Се слушаше смеа.
заразна смеа
ѕвонлива смеа
гргорлива смеа
Спротивно од:
плач (м.)
2.
подбив, потсмев
Англиски:
mockery
Албански:
përqeshje, tallje
Им служи за смеа.
Го зедоа на смеа.
Слично со:
подбив (м.)
3.
шега, виц
Англиски:
joke
Ги исцрпивме и прикаските и смеите, па легнавме да спиеме.
Слично со:
шега (ж.)
Изрази
Не ми е до смеа - имам проблеми.
Пукне од смеа (се скине, скапе) - се смее многу.
На смеа - на шега, несериозно.