смета
сметаат; сметал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 344
1.
Врши дејство со броеви; прави сметка.
Примери:
Знаеше да смета до сто.
Смета напамет, во себе.
Смета на прсти.
Слично со:
пресметува (несв.)
2.
Зема предвид при определувањето на големината на нешто.
Примери:
Не сметај го него.
Смета со (на) тоа.
Сметам на твојата точност.
Слично со:
предвидува (несв.)
3.
Оценува на некој начин; има некое мислење.
Примери:
Го сметаше тоа за свој долг.
Смета за чест.
Го сметаат како подобар мајстор.
Сметам дека нема да дојде.
Сметаше дека не е сѐ загубено.
Слично со:
претполага (несв.)
4.
(се смета) Се оценува на некој начин.
Примери:
Престојот таму се сметаше за опасен.
Се сметаше дека не ќе дозволи да биде изненаден.
Се смета дека е на служба.
Слично со:
оценува (несв.)
5.
(се смета) Се прима како нешто; се мисли, се претполага.
Примери:
Се смета дека е многу добар.
Слично со:
претпоставува (несв.)
Изрази
Не го смета за жив - не го цени.