а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смета

сметаат; сметал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 344
1. Врши дејство со броеви; прави сметка.
Англиски: calculate Албански: llogarit
Примери:
Знаеше да смета до сто.
Смета напамет, во себе.
Смета на прсти.
2. Зема предвид при определувањето на големината на нешто.
Англиски: count Албански: akuzë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не сметај го него.
Смета со (на) тоа.
Сметам на твојата точност.
3. Оценува на некој начин; има некое мислење.
Англиски: consider Албански: konsideroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го сметаше тоа за свој долг.
Смета за чест.
Го сметаат како подобар мајстор.
Сметам дека нема да дојде.
Сметаше дека не е сѐ загубено.
4. (се смета) Се оценува на некој начин.
Англиски: estimate Албански: vlerësim
Примери:
Престојот таму се сметаше за опасен.
Се сметаше дека не ќе дозволи да биде изненаден.
Се смета дека е на служба.
5. (се смета) Се прима како нешто; се мисли, се претполага.
Англиски: imagine, fancy Албански: imagjinoj
Примери:
Се смета дека е многу добар.
Изрази
Не го смета за жив - не го цени.