сметка
мн. сметки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1579
1.
сметање
Англиски:
calculation
Албански:
llogari
Учи сметка.
грешка во сметката
Слично со:
есап (м.)
2.
Документ со назначување на сумата што треба да се плати за нешто.
Примери:
Сметка за свечената вечера.
Извод од сметката.
Испише сметка.
фискална сметка
Слично со:
фактура (ж.)
3.
Во сметководството - операции што образуваат една партија по билансот.
Примери:
Кој ви ги води сметките?
Сметка на загуби.
4.
(обично мн. сметки) Заемни парични односи.
Англиски:
balance
Албански:
bën llogari
лични сметки
5.
заемни навреди
Примери:
Имаме уште стари сметки.
Изрази
(посл.) Чиста сметка, долга љубов.
(разг.) Прави сметка без крчмар.
(разг.) Види си (расчисти) сметка.
(разг.) (Не) му оди во сметка.
(разг.) Му ги расипа сметките.
За своја (туѓа) сметка.
Бара сметка.
Без сметка.
Води сметка.
Дава сметка.
жиро-сметка
На нова сметка.
Отвори сметка.
Прави сметка.
Со сметка (живее).
Текушта (тековна) сметка.
Тенки сметки.
Чековна сметка.