смири
смират; смирил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 852
1.
Направи некој да стане мирен.
Примери:
Никако не можеше да ги смири децата.
Слично со:
скроти (св.)
2.
Приведе во спокојна состојба, отстрани она што внесува немир.
Примери:
Разговараше и го смири малу несреќникот.
3.
Подобри или прекрати некоја болка.
Примери:
Тоа ми ги смири нервите.
4.
Прекрати состојба на караница.
Англиски:
quieten down
Албански:
qetësoj
Успеа да ги смири скараните.
5.
(се смири) Стане мирен, се скроти.
Примери:
Се смирија најпосле учениците.
6.
(се смири) Стане спокоен, задуши неспокојство.
Примери:
Се смири малку кутрата жена.
Слично со:
успокои (св.)
7.
(се смири) Ослаби, стивне; стане неподвижен.
Примери:
Ми се смирија болките.
Се смири морето.
Слично со:
стивне (св.)