советник
мн. советници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3988
1.
Тој што советува, што дава совети.
Англиски:
advisor
Албански:
këshilltar
Тој му е постојан советник.
Лош советник.
Правен советник.
2.
Член на некој совет.
Примери:
Советник на градското собрание.
3.
Титула на извесни виши функционери.
Англиски:
consultant
Албански:
këshilltar, këshillues
Државен советник.
Педагошки советник.
Советник на амбасада.
(разг.) Научен советник.