согласен
согласни
Вид збор: Придавка
Ранг: 5066
1.
Што има исто мислење, сфаќање со некој друг, што е солидарен со некого.
Примери:
Јас сум наполно согласен со тој предлог.
2.
При што има согласност.
Примери:
согласна работа
согласен живот
согласни браќа
3.
хармоничен, строен
Примери:
согласни движења
согласни форми
4.
Што се однесува на согласка.
Примери:
согласни групи