а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

согласност

(едн.) согласноста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1431
1. Потврден одговор на нешто.
Англиски: consent Албански: pëlqim
Примери:
Даде согласност.
Без согласност.
Кимна со глава во знак на согласност.
2. заемен договор
Англиски: agreement Албански: marrëveshje
Употреба: Правда
Примери:
Најдоа согласност.
Со заемна согласност.
3. Едномисленост, еднодушност; другарски односи, разбирање.
Англиски: unanimity Албански: unanimitet
Примери:
Во раководството владееше полна согласност.
Живееја во согласност.
4. сходство, соодветство
Англиски: accordance Албански: përputhje
Примери:
Согласност на погледите.
(разг.) Во согласност со...
5. хармонија, сразмерност
Англиски: harmony Албански: harmoni
Примери:
Согласност на движењата.