а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

солза

мн. солзи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 570
1. Безбојна течност што се лачи од очните жлезди.
Англиски: tear Албански: lot
Примери:
Со солзи на очи.
Полни очи солзи.
Се капе во солзи.
Лее солзи.
Се удави во солзи.
Горчливи солзи.
Солзи радосници.
Солзи рони.
2. плачење, жал, тага
Англиски: sorrow Албански: lotim, pikëllim
Примери:
Доведе до солзи.
Зборува низ солзи.
Изрази
(разг.) Бистар (чист) како солза.
Крокодилски солзи.