а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сон

мн. соништа
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 148
1. (едн.) Периодична состојба на физиолошка почивка; потреба од таква почивка.
Англиски: dream Албански: ëndërr
Примери:
Се разбуди од сон.
Го фаќа сон.
Го надви сон.
Не ми иде сон.
Зборува на сон.
летаргичен сон
длабок сон
лесен сон
тврд сон
2. (нема мн.) Отсуство на дејност.
Англиски: inactivity Албански: zgjoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се разбуди од сон и таа организација.
3. (нема мн.) спокојство, тишина
Англиски: silence Албански: gjum, qetësi
Употреба: Поетски збор
Примери:
Градот потона во сон.
4. Тоа што ќе се сони.
Англиски: dream Албански: ëndërr
Примери:
Им го раскажа на сите сонот.
Сони, (виде) сон.
Толкувач на соништата.
Ѝ се исполни сонот.
5. желба, илузија
Англиски: wish Албански: dëshirë, ëndërr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да стане стварност сонот негов за слобода.
реализирани соништа
6. талон во карти.
Англиски: last in stack Турски: son Албански: tufë, grumbull
Употреба: Разговорно
Изрази
Ни на сон (не се надевал, мислел).
(посл.) Од сон ништо послатко нема.
Спие вечен сон - починал.
Како на сон (се сеќава).
(разг.) Зајачки сон - краток сон.
Зимски сон - хибернација.