состане
(се) состанат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15245
1.
Се сретне со некого со некаква цел.
Англиски:
meet
Се состанаа кај мостот.
Се состанаа тајно.
2.
се соедини, се состави
Англиски:
join
Тука ќе се состанат сите линии.
Паралелни линии не можат да се состанат.
3.
За орган, организација - се собере.
Англиски:
convene
Утре ќе се состане собранието.
Комисијата нема да се состане до недела.