а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

социјалистички

социјалистичкиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3362
1. Што се однесува на социјализам; што има за цел социјализам.
Англиски: socialistic
Употреба: Политика
Примери:
Социјалистички систем.
Социјалистичка револуција.
Социјалистичка преобразба на селото.
2. Заснован врз принципите на социјализмот; својствен на социјалистичко општество.
Англиски: socialistic
Примери:
Социјалистичко општество.
Социјалистичка култура.
3. Проникнат со идеите на социјализмот.
Англиски: socialistic
Примери:
Социјалистичка свест.
Социјалистички однос кон трудот.
4. Што се однесува на социјализам, социјалдемократски.
Англиски: social-democratic
Примери:
Социјалистичка партија.
Изрази
Социјалистички реализам - правец во уметноста, според кој уметничките дела треба да ги изразуваат идеалите на социјалистичкото општество.
Социјалистичка република.
Социјалистички натпревар.