а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сочен

сочни
Вид збор: Придавка
Ранг: 4283
1. Кој содржи многу сок.
Англиски: juicy Албански: i lëngshëm, pikant
Употреба: Гастрономија
Примери:
сочна трева
сочно овошје
сочни праски
2. За усни, уста - свеж.
Англиски: luscious Албански: joshës
Примери:
сочна уста
сочни усни
3. За бои, слика - со чисти, јасни тонови.
Англиски: rich Албански: e pasur
Употреба: Преносно значење , Ликовна уметност
Примери:
сочни бои
сочна слика
4. За глас, звук - звучен, пријатен.
Албански: i plotë, i këndshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
сочен глас
5. За јазик, литературно дело, сценска игра - образен, јасен, изразен.
Англиски: juicy Албански: pikant
Употреба: Литература , Преносно значење
Примери:
сочен стил
сочна игра
6. За израз, шега, досетка - непристоен, претерано слободен.
Англиски: juicy Албански: pikant
Употреба: Преносно значење
Примери:
сочен хумор
сочен виц