а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спие

спијат; спијам, спиеш; спиј, спијте; спиев, спиеја; спиел; спиен; спиен; спиејќи; спиење; спав, спаа; спал; спан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 523
1. Се наоѓа во состојба на сон.
Англиски: sleep Српски: спавати Албански: fle Бугарски: спя
Примери:
Цела ноќ спиеше. Спие мирно, тврдо.
Спиеше кај тетка си.
2. Се наоѓа во состојба на полн мир.
Англиски: rest Албански: pushoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Градот спие.
3. Бездејствува, не пројавува никаква активност.
Англиски: sleep Албански: fle
Употреба: Преносно значење
Примери:
Немој да спиеш, гледај што се работи.
4. Почива, лежи умрен.
Англиски: rest in peace Албански: ndërron jetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Херои, спијте в мир.
5. Има полова врска со некого.
Англиски: intercourse Албански: marrëdhënije
Употреба: Разговорно
Примери:
Спиел и со неа.
6. (ми се спие) Има желба да се одмори.
Англиски: sleep Албански: fle
Употреба: Безлично
Изрази
(разг.) Водата спие, тој не спие.
Ѓаволот не спие.
Спие вечен сон.
Спие како зајак.
Спие како заклан, топ.