спие
спијат; спијам, спиеш; спиј, спијте; спиев, спиеја; спиел; спиен; спиен; спиејќи; спиење; спав, спаа; спал; спан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 523
1.
Се наоѓа во состојба на сон.
Примери:
Цела ноќ спиеше. Спие мирно, тврдо.
Спиеше кај тетка си.
3.
Бездејствува, не пројавува никаква активност.
Примери:
Немој да спиеш, гледај што се работи.
5.
Има полова врска со некого.
Примери:
Спиел и со неа.
6.
(ми се спие) Има желба да се одмори.
Слично со:
одмара (несв.)
Изрази
(разг.) Водата спие, тој не спие.
Ѓаволот не спие.
Спие вечен сон.
Спие како зајак.
Спие како заклан, топ.