сплетка
сплеткаат; сплеткал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14672
1.
замрси, преплете, заплетка
Примери:
Ги сплетка конците.
2.
Направи сплетка, вовлече некого во некоја сплетка.
Примери:
Ги сплеткал работите.
Слично со:
збрка (св.)
3.
Збуни некого.
Примери:
Тоа ме сплетка, не можев да размислам.
4.
(се сплетка) Преплете се едно во друго.
Примери:
Се сплетка преѓата.
Му се сплеткала помеѓу нозе.
5.
(се сплетка) се збрка, се збуни
Примери:
Пак ќе се сплетка пред него.
6.
(се сплетка) Стапи во неодобрена, недозволена љубовна врска.
Примери:
Се сплеткал со некоја распуштеница.
Изрази
Му (ми, ти...) ги сплетка конците - расипе работа, план некому, попречи некого во нешто.
Му (ми, ти...) се сплетка јазикот - почне да пелтечи од збунетост.
Се сплетка работата - тргне некому нешто наопаку, не оди нешто по план.