сподели
споделат, споделам; споделил; споделен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4434
1.
Искаже пред некого свои мисли, чувства, преживеалици и сл.
Примери:
Сакаше да сподели мисли со некого.
Имам уште една голема дилема што сакам да ја споделам со вас.
2.
Подели чувства со некого.
Англиски:
sympathize
Албански:
ngushulloj
Сподели болка.
Слично со:
сочувствува (несв.)