спои
спојат; спој, спојте; споив, споија; споил; споен; споев, споеја; споел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4294
1.
Сврзе едно нешто со друго со некаква спојка, закрепи.
Примери:
Ја споија зградата со нов отпорен ѕид.
Слично со:
сврзе (св.)
3.
Сврзе истовремено едно со друго.
Примери:
Ја спои теоријата со практиката.
4.
(се спои) Се сврзе, се слее едно нешто со друго.
Примери:
Колосеците се споија во еден.
5.
(се спои) Се сврзе со некои односи.
Примери:
Се споија со брак.
6.
(се спои) Добие врска со нешто.
Примери:
Со мостот се споија селата од двете страни на реката.
Изрази
Се спои небото и земјата - настане силно невреме.