сполај
Вид збор: Честичка
Ранг: 3382
Како израз на благодарност, оди обично со дополнение.
Англиски:
thanks
Сполај ти, брате, што ми помогна.
Сполај му на Господа, добри сме.
Сполај ти за услугата.
Сполај Богу!
(нар. поез.) Црната земја, девојче, сполај не вели!
Слично со:
фала (изв.)