спроти
Види и:
спротив (предл.)
Вид збор: Предлог
Ранг: 1482
1.
При укажување на лице, предмет, место пред кое се наоѓа некој или нешто.
Англиски:
before
Застана точно спроти нас.
Спроти зградата на општината.
Девојче, девојче, / не стој спроти мене, / не стој спроти мене / изгорев за тебе (нар. поез.)
2.
При означување некоја појава во пресрет на која е управено движењето, дејството.
Англиски:
against
Гледа спроти сонцето.
Тргна спроти ветрот.
Слично со:
против (прил.)
3.
За искажување дека нешто се врши сообразно, согласно со нешто.
Англиски:
according
спроти неговите зборови
секој спроти силите
спроти адетот
4.
сопоставување, споредба
Англиски:
compared
Твојата плата е мала спроти мојата.
Тој е јунак спроти тебе.
5.
За означување време кога нешто се случува, пред нешто.
Англиски:
before
спроти празникот
спроти Први мај
спроти тргнувањето
спроти недела
спроти родениот ден
Изрази
Пружи си ги нозете спроти јорганот (посл.)
Спроти главата и бричот (посл.)
Спроти јунакот и коњот (посл.)
Спроти светецот и празникот (посл.)
Спроти мечката и стапот (посл.)
Спроти Божик прасе гои - ненавремено, задоцнето вршење некоја работа.