а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спроти

Вид збор: Предлог
Ранг: 1482
1. При укажување на лице, предмет, место пред кое се наоѓа некој или нешто.
Англиски: before
Примери:
Застана точно спроти нас.
Спроти зградата на општината.
Девојче, девојче, / не стој спроти мене, / не стој спроти мене / изгорев за тебе (нар. поез.)
2. При означување некоја појава во пресрет на која е управено движењето, дејството.
Англиски: against
Примери:
Гледа спроти сонцето.
Тргна спроти ветрот.
3. За искажување дека нешто се врши сообразно, согласно со нешто.
Англиски: according
Примери:
спроти неговите зборови
секој спроти силите
спроти адетот
4. сопоставување, споредба
Англиски: compared
Примери:
Твојата плата е мала спроти мојата.
Тој е јунак спроти тебе.
5. За означување време кога нешто се случува, пред нешто.
Англиски: before
Примери:
спроти празникот
спроти Први мај
спроти тргнувањето
спроти недела
спроти родениот ден
Изрази
Пружи си ги нозете спроти јорганот (посл.)
Спроти главата и бричот (посл.)
Спроти јунакот и коњот (посл.)
Спроти светецот и празникот (посл.)
Спроти мечката и стапот (посл.)
Спроти Божик прасе гои - ненавремено, задоцнето вршење некоја работа.