спротивен
спротивна
Вид збор: Придавка
Ранг: 2362
1.
Расположен на обратната страна, кој оди во обратен правец.
Англиски:
opposite
Дувна спротивен ветер.
Спротивна страна.
Спротивен правец.
2.
Кој е сосем поинаков, кој се разликува наполно.
Англиски:
opposite
Спротивни мислења.
Спротивни карактери.
(разг.) Во спротивен случај.