срам
мн. срамови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1060
1.
Непријатно чувство предизвикано од лоша постапка.
Примери:
Чувствува срам.
2.
Чувство на стеснување пред некого.
Примери:
Му беше срам да излезе надвор.
Поцрвени од срам.
Изрази
Без срам е.
За срам; за триста срамови!
Не ти е срам!
Од пусти срам.
(посл.) Од страв се бега, од срам не се бега.
Си го загубил (каснал) срамот.
Срам да ти е!
Срам не срам.
Станува за срам(ови).
Умре (потоне, пропадне) од срам.
Ни срам, ни перде.