а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сред

Вид збор: Предлог
Ранг: 1269
1. За означување на местото на кое се наоѓа некој предмет, обично на рамна оддалеченост од краиштата.
Англиски: middle
Примери:
Направија чешма сред двор.
Се собраа сред село.
2. За означување на времето на извршувањето на некое дејство.
Англиски: mid
Примери:
Станаа сред ноќ.
Сред јулска жега селаните жнеат.
(разг.) Сред бел ден.
3. За означување дека дејството се развива при извесни околности.
Англиски: middle
Примери:
Сред смеата.
Сред викотницата.
4. За означување на средината, на кругот на нешто.
Англиски: between
Примери:
Неговото место е сред народот.
Сред учениците.
Изрази
(посл.) Сред слепи и ќорав е цар.