сред
Вид збор: Предлог
Ранг: 1269
1.
За означување на местото на кое се наоѓа некој предмет, обично на рамна оддалеченост од краиштата.
Англиски:
middle
Направија чешма сред двор.
Се собраа сред село.
Слично со:
меѓу (предл.)
2.
За означување на времето на извршувањето на некое дејство.
Англиски:
mid
Станаа сред ноќ.
Сред јулска жега селаните жнеат.
(разг.) Сред бел ден.
3.
За означување дека дејството се развива при извесни околности.
Англиски:
middle
Сред смеата.
Сред викотницата.
4.
За означување на средината, на кругот на нешто.
Англиски:
between
Неговото место е сред народот.
Сред учениците.
Слично со:
меѓу (предл.)
Изрази
(посл.) Сред слепи и ќорав е цар.