а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

среќа

(едн.) среќата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 348
1. Чувство на длабоко задоволство од нешто; надворешна пројава на тоа чувство.
Англиски: happiness Албански: lumturi
Примери:
Плачеше од среќа.
Немаше среќа во животот.
Среќа ѝ се читаше на лицето.
(разг.) За среќа.
На среќа (оди, работи).
Среќата му работи.
вистинска среќа
семејна среќа
Камо среќа!
2. успех
Англиски: success Албански: sukses
Примери:
Немаше среќа во работата.
Веруваше во својата среќа.
Во сѐ има среќа.
среќа во играта
Добра среќа! (со среќа - благослов)
воена среќа
3. судбина
Англиски: fate Албански: fat
Употреба: Разговорно
Примери:
Секој со својата среќа.
4. средба, пресрет
Англиски: meeting Албански: takim
Примери:
На среќа му неговата сестра.
На среќа му излегол.
5. Долгогодишно градинско растение со долг стебликав лист.
Латински: Hemerocallis fulva Англиски: orange daylily
Употреба: Ботаника
Изрази
Роди ме, мајко, со среќа, па фрли ме на буниште (посл.)