сроди
сродат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16375
1.
Преку женидба направи некој да стане роднина некому.
Примери:
Успеа да го сроди со најбогатата фамилија.
Слично со:
ороди (св.)
2.
Тесно сврзе со некого, со нешто.
Примери:
Ќе ги сроди љубовта кон градот.
3.
(се сроди) Стане некому роднина преку женидба.
Примери:
Штом имаш деца, не знаеш со кого ќе се сродиш.
Слично со:
ороди (св.)
4.
(се сроди) Стане близок со некого, се здружи, свикне со нешто.
Англиски:
become close
Албански:
afërm
Набрзо се сроди со сите работници.
Се сроди со градот.
Слично со:
соживее (св.)