а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стаи

(се) стаат; стаи; стаија; стаил; стаен; стаеше, стаеја; стаел; стај, стајте, стаив
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23569
1. Не искаже, не открие на други, задржи за себе.
Англиски: hold Албански: fsheh
Примери:
Стаи здив.
2. (се стаи) Се скрие, настојува да остане незабележан.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Се стаил меѓу грмушките.
3. (само во 3. л.) (се стаи) За течност - не се движи, се сталожи, се спушта талог на дното.
Англиски: settle Албански: vendos
Примери:
Се стаи виното во бурето.
4. (само во 3. л.) (се стаи) За болка - се смири, се сталожи.
Англиски: settle Албански: vendos
Примери:
Вечерта болката се стаи.